Од Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ известуваат дека поднеле предлог-иницијативи до пратениците во Собранието, односно мерки кои се насочени кон системско зголемување на безбедноста и јасно утврдување на одговорноста.
Тие предлагаат секој угостителски локал да добие јавно достапен дигитален пасош, со што секој граѓанин ќе може да провери каде влегува, односно дали локалот е безбеден, дали исполнува законски услови и какви дозволи има.
Исто така, од иницијативата предлагаат и секој локал да има назанчено лице за безбедност, односно сејфти офицер. Офицерот би бил одговорен за спроведување на сите безбедносни мерки.
Предлагаат и поставување на детектори за чад, кои веднаш при појава на чад или пожар, ќе испратат сигнал до противпожарната служба.
Овие предлози доаѓаат по анкетната комисија која се одржа на 9-ти декември во Собранието, по повод пожарот во Кочани во кој животот го изгубија 63 малдинци и деца, а над 200 лица беа повредени.
Деск
ЈАВЕН ДИГИТАЛЕН ПАСОШ ЗА СЕКОЈ ЛОКАЛ, ЗА ДА МОЖАТ ДА ПРОВЕРАТ ГРАЃАНИТЕ ДАЛИ ВЛЕГУВААТ ВО БЕЗБЕДЕН ОБЈЕКТ, ПРЕДЛАГА ,,СУПОРТ КОЧАНИ”
1 Min Read
Previous ArticleАКУШЕРКИ СЕ ОБУЧУВАА ЗА НАПРЕДНИ ТЕХНИКИ И ВЕШТИНИ

