Се трага по 45-годишник од Кавадарци, кој во раните утрински часови, првин со автомобилот удрил во полициско возило, а потоа во полициски службеник, и побегнал.
Како што известуваат од СВР Велес, познат е идентитетот на лицето, и се преземале мерки за негово пронаоѓање.
-На 21.12.2025 во 01:30 часот, во ОВР Кавадарци, било пријавено дека на крстосницата од улица „Браќа Џунови“ со улица “Браќа Хаџи Тефови“ во Кавадарци, Д.А.(45) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „фолксваген туран“ со кавадаречки регистарски ознаки, при обид да биде сопрен од полициски службеници кои извршувале службени задачи, најпрвин удрил во полициско возило „пасат“ а потоа и во полициски службеник, по што се дал во бегство.
Подоцна, возилото било пронајдено, за настанот известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, исткнаа од СВР Велес.
Деск
ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО КАВАДАРЧАНЕЦ: СО АВТОМОБИЛОТ УДРИЛ ВО ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО, А ПОТОА И ВО ПОЛИЦАЕЦ!
1 Min Read

