Група на бербери од скопски Ѓорче Петров, бесплатно потстрижуваат пензионери и лица од социјален ризик. Веста ја објави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, кој порача дека е грод на хуманите мајстори на занаетот и човечноста.
-Сите треба да се гордееме со нашите бербери, најдобриот еснаф во Ѓорче. И оваа година во хумана мисија, бесплатно потшишуваат пензионери и лица од социјален ризик во домот на културата во Ѓорче Петров.
Секоја чест за Пеко, Мики, Спасе, Нено, Аце, Даме, Боки, Бубе и најдобриот асистент Циге.
Ваквите иницијативи ја јакнат заедницата и нашето живеење, за 2026 да планираме еден уникатен настан што ќе остане традиционален и уникатен, истакна градоначалникот.
Деск

