Музичарот Крис Риа почина на 75-годишна возраст, јавува Би-би-си.
-Со огромна тага објавуваме дека нашиот сакан Крис почина. Почина мирно во болница денес, по кратко боледување, опкружен со своето семејство, гласи соопштението на неговиот портпарол.
Тој беше најпознат по својот хит “Driving Home for Christmas”. Во едно интервју откри како настанал неговиот божиќен хит.
“Немав никаков приход кога ја напишав таа хит-песна. Мојот менаџер штотуку ме напушти. Токму тогаш ми беше одземена возачката дозвола. Мојата сега веќе сопруга Џоан мораше да вози до Лондон за да ме земе и да ме однесе дома, и тогаш ја напишав”, раскажа тој во тоа време.
Риа е роден на 4 март 1951 година во Мидлсбро; неговиот татко бил Италијан, а мајка му со ирско потекло. Во 1973 година, тој се приклучи на локален бенд од Магдалена и почна да пишува песни, со што ја започна својата музичка кариера. 
На само 33 години, на Риа му беше дијагностициран рак на панкреасот и тој имаше девет големи операции, вкупно 32 недели поминати во болница. Тој претходно отворено зборуваше за својата битка со болеста, откривајќи дека некои од неговите внатрешни органи биле “целосно отстранети” по операцијата – неговиот панкреас, жолчната кеса и левата страна на црниот дроб.
Говорејќи искрено за моментот кога ѝ ја соопштил дијагнозата на сопругата, Џоан Лесли, Риа рекол: “Таа го запре автомобилот и се расплака”.
Крис еднаш откри дека поради здравствените проблеми мора да зема “34 таблети секој ден”.
Риа има снимено 25 студиски албуми, од кои два се најдоа на врвот на британската топ-листа за албуми: The Road to Hell (1989) и неговиот наследник Auberge (1991). Тој веќе беше голема европска ѕвезда пред конечно да влезе во Топ 10 на Обединетото Кралство со синглот “The Road to Hell (Part 2)”.
Б.Н.

