Маж на возраст од 40 години е пријавен за исчезнат, информира Секторот за внатрешни работи Велес.
Како што појаснуваат, станува збор за 40-годишниот В.С. од село Раец, Кавадарци. Неговата сестра Л.С. (44) вчера во 09.40 часот пријавила во ОВР Кавадарци дека тој се оддалечил од домот.
Засега нема официјални детали околу тоа како бил облечен исчезнатиот кога заминал од дома, ниту пак дали евентуално станува збор за лице со здравствени проблеми.
Не е јавно достапна ниту негова фотографија.
Од СВР Велес истакнаа дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Деск

