Веќе два дена нема траг од 66-годишниот И.К. од Кавадарци, кој последен пат бил виден на 23-ти декември.
Неговото исчезнување во полициската станица во Кавадарци го пријавила неговата сопруга С.К. (65) вчера, во 21.15 часот. Засега нема официјални информации дали се работи за лице со здравствени проблеми.
Од СВР Велес го потврдија случајот и додаваат дека се преземале мерки за пронаоѓање на кавадарчанецот.
Ова е второ лице од Кавадарци пријавено за исчезнато деновиве. На 22-ри месецов, од семејниот дом во Раец се оддалечил 40-годишниот В.С., а неговата сестра го пријавила исчезнувањето во полиција наредниот ден.
И по него се уште се трага, а истото лице беше пријавено за исчезнато и во април годинава, кога по пет дена самиот се вратил дома.
В.К.

