Родителите на поранешната детска ѕвезда Тајлер Чејс (36), познат по улогата во популарната серија на Никелодеон “Ned’s Declassified School Survival Guide”, јавно проговорија за тешката ситуација на нивниот син. Нивната реакција дојде откако на интернет почна да кружи вирално видео, во кое актерот изгледа како да живее како бездомник.

Неговиот татко, Џозеф Мендез Јуниор, во интервју за The Daily Mail откри дека неговиот син се бори со проблеми повеќе од една деценија, но нагласи дека тој е “прекрасен човек”.
“Повеќе од една деценија, семејството бара опции за третман за Тајлер, вклучувајќи поддршка за злоупотреба на супстанци, како и за ментално здравје”, рече тој.
Според него, семејството го сместило Чејс во рехабилитациски центар во 2021 година каде што тој “направил напредок некое време”, но “подоцна одлучил да ја прекине терапијата и продолжил да злоупотребува супстанци”.
Мендез Џуниор изјави дека Чејс отишол во Калифорнија за да биде со мајка си “со надеж дека ќе ја стабилизира својата ситуација”, но “и покрај континуираната поддршка, тој одбил понатамошен третман и помош”.
По објават ана видеото, беше започната и кмапања за собирање на финансиска помош за поранешниот актер, но неговата мајка се огласи на социјалните мрежи и порача дека донациите не се добра идеја.
-Парите нема да му бидат од никаква корист. Му купив неколку телефони, но ги губи во рок од ден-два. Не може сам да раководи со пари или со лековите”, гласеше пораката споделена на социјалните мрежи.
-Како што реков, тој не се снаоѓа добро со пари и тоа може да му наштети. Ви благодарам што се обидувате да му помогнете, тој е добро, прекрасно момче. Но, му е потребна медицинска помош”, рече таа.
Б.Н.

