Родителите на загинатите деца од Кочани повикуваат на последниот марш за оваа година, кој ќе се одржи во сабота, со почеток од 14.05 часот, пред Паркот на револуцијата.
Како што објавија на страницата на Здружението на граѓани 16-ти март 2025 година, ќе се чекори за тие што повеќе нема да слават, никогаш повеќе нема да кршат бадниково лепче, и за тие чие столче во домот станува празно засекогаш.
-Поддршката ни значи многу. Ве повикуваме, во спомен и чест на нашите ангели, да ни се придружите на последниот предновогодишен и предбожикен марш на ангелите оваа година.
Нашите деца не загинаа во несреќа. Тие беа убиени од цијанид — смртоносен гас, познат во историјата и како средство на масовно уништување за време на Холокаустот, наведено е во објавата.
Додаваат дека маршот е за вистинска правда за 63-те ангели, за повредените што живеат со последици и за иднината на сите деца, за ова никогаш да не се повтори.
Деск
ЗА ОНИЕ КОИ НИКОГАШ НЕМА ДА КРШАТ БАДНИКОВО ЛЕПЧЕ И ЧИИ СТОЛИЦИ ОСТАНАА ПРАЗНИ: РОДИТЕЛИТЕ ПОВИКУВААТ НА МАРШ ВО КОЧАНИ!
1 Min Read
Previous ArticleСЕ ЗАЛОВУВАА БЕЗДОМНИ КУЧИЊА ВО КИЧЕВО

