Пет дена полицијата преземаше мерки за пронаоѓање на 40-годишниот В.Ц. од кавадаречко Раец, кого неговата сестра го пријавила за исчезнат на 22-ри декември.
Вчера, по пет дена, таа пријавила во полиција дека тој се вратил во домот, жив и здрав.
Од Секторот за внатрешни работи Велес ја потврдија веста за ВИКИМЕДИА, а детали околу тоа каде бил мажот по кого се трагаше, не се соопштени.
Истото лице и во минатото се случуваше да исчезне, а неговата сестра го пријавуваше исчезнувањето во полиција. Секогаш, на петтиот ден од исчезнувањето, тој се враќаше дома во добра состојба.
В.К.

