Првите денови кога се објави апелот за помош за лекување за мојата сестра Менче Петрова (42), за која се потребни околу 8.000 евра, имаше одзив од хуманите граѓани. Се донираа средства на платформата, се дојде до сумата од околу 2.800 евра, но потоа донациите замреа, за ВИКИМЕДИА раскажува Владанка Ставрова, сестра на неготинката Менче, која се соочува со дијагноза тумор на мозок.
Како што појаснува, младата жена треба да замине на лекување најдоцна до 15-ти јануари 2026 година, на клиника во Турција, каде единствена надеж гледала во третманот со радиотерапија (СРС), бидејќи обидот на домашните клиники, да се оперира и да се извади туморот, биле безуспешни.
-Нам ни е јасно дека сега владее празнична еуфорија, но многу би ни значело кога луѓето би одвоиле барем една скромна сума, колку за едно кафе или пијачка, и кога би донирале. Покрај средствата кои се донираат на сметка на платформата за донации, ние поставивме и кутии низ градот, но досега се собраа многу мали суми.
Менче нема сили, затоа јас сум достапна за контакт со сите заинтересирани кои сакаат да помогнат. Знаеме дека сумата од околу пет илјади евра која недостасува не е мала, ама веруваме дека сите заедно можеме да се избориме за нејзиниот живот, раскажува сестрата.
Оние кои се во можност да донираат, можат да го направат тоа на донаторската сметка која е отворена преку хуманитарната организација Павел Андреев:
https://pavelandreev.org/mk/campaign/da-i-pomogneme-na-mence-da-ja-dobie-shansata-za-zhivot?fbclid=IwY2xjawO-m1dleHRuA2FlbQIxMABicmlkETF0U3ZkQnFXMmhWdW5wY2VXc3J0YwZhcHBfaWQQMjIyMDM5MTc4ODIwMDg5MgABHltUmSEvCvi5QquyAYBJFU6eesRrsbh1EVB_JdjYAMJ7N9B76s6S31noT8r6_aem_jq0TX7YeD7nFd0BO4FbZ3Q
Исто така, можат да донираат и на сметката 270 7001182242 28, Халк Банка, Менча Петрова, со назнака донација, вели Ставрова.
Телефонски броеви за донации засега не се достапни.
В.К.

