На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство е извршено реновирање на повеќе простории кои секојдневно ги користат илјадници пациентки, а вкупната инвестиција изнесува над 34 милиони денари, соопштија од Министерството за здравство.
По тој повод клиниката ја посети министерот Алиу заедно со претседателот на Владата проф.д-р Мицкоски.
– Реновирани се 2 илјади квадратни метри, односно целото приземје кое го опфаќа влезниот хол, поликлиничкиот дел со амбуланти, HPV лабораторијата, биохемиската лабораторија, како и амбулантата за итни случаи.
Ова значи подобра организација, побрза услуга и поквалитетна грижа, токму таму каде што е најпотребно, рече министерот Алиу.
Деск
СО 553 ИЛЈАДИ ЕВРА, РЕНОВИРАНИ ПОВЕЌЕ ПРОСТОРИИ НА КЛИНИКАТА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО
1 Min Read

