Жената која стана мајка на 60 години со помош на успешна ин витро постапка во болницата ,,Д-р Органџиски” во Штип, испрати новогодишни поздрави со фотографии со своето најголемо богатство во прегратка.
Од болницата велат дека тоа мало, прекрасно дете е нејзиниот свет, а за нив е најголемата радост и најсилната потврда зошто никогаш не се откажуваат.
-Во тие очи има радост што ја знаат само оние што долго чекале. Во таа прегратка има години надеж, трпение, борба и вера. Вера дека сонот ќе се оствари и покрај се. И се оствари!
Ова не е само медицински успех. Ова е победа на човечноста, на упорноста и на љубовта. Победа над стравовите, над годините, над сите што рекле „нема шанси“.
Таа денес живее живот исполнет со смисла, смеа и детска радост. А ние сме неизмерно благодарни што бевме дел од патот што доведе до ова чудо.
Нека оваа приказна биде надеж за сите што се уште чекаат. Нека биде потсетник дека чудата постојат, дека границите се поместуваат и дека љубовта особено мајчинската, нема возраст, објавија од болницата.
Инаку, Специјализираната болница по гинекологија и акушерство „Д-р Органџиски“ е првата приватна болница од ваков вид во источна Македонија и датира од 1992 година.
Деск
НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА ОД ЖЕНАТА КОЈА СТАНА МАЈКА НА 60 ГОДИНИ БЛАГОДАРЕНИЕ НА ШТИПСКАТА БОЛНИЦА ,,ДР-ОРГАНЏИСКИ”
1 Min Read

