Со домашни музичари како главни музички ѕвезди, голем број на граѓани ја дочекаа Новата 2026 година на градските плоштади.
Во Скопје настапија Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Куку Леле, Миле Кузмановски, Дина Јашари, 2Бона, Пајак и Лара и Огнен Здравковски.
Во Охрид главна музичка ѕвезда беше Ефто Пупиноски, во Прилеп – Наум Петрески и Зуица Лазова.
Во Кавадарци настапи Марјан Коцев, во Неготино – Татијана Стефановска и Влатко и Златко Миладиноски, во Гевгелија – Владо Јаневски, во Штип – Игор Димовски, Сузана Спасовска во Кичево…
Дочекот помина во знакот на домашната музика, а и во наредните неколку дена во дел од општините се предвидени празнични настани на градските плоштади.
Деск

