Двегодишно дете со прострелна рана на главата од огнено оружје е во животна опасност и се наоѓа на интензивна нега на скопските клиники.
Се уште нема информации како се случил инцидентот, ниту пак се познати личните податоци на детето.
Полни раце работа имале лекрите за време на дочекот на новогодишната ноќ. Алармираат дека оваа новогодишна ноќ бележи значителен пораст на насилство и несреќи во споредба со минатите години.
Во сообраќајка била тешко повредена 17-годишна девојка од Тетово, три лица во одделни случаи се здобиле со тешки повреди по пад од висина, деца на возраст од 12 и 13 години се повредени од употреба на петради, од пиротехника биле повредени вкупно 20 лица, а имало и повредени од нож и огнено оружје.
Деск

