Кичево за првпат имаше организиран новогодишен дочек на плоштад. Како што истакна градоначалникот д-р Александар Јовановски, тоа е почеток на нова традиција, која ќе ја негувале и во наредните години и ќе се труделе да биде се подобра.

Кичевчани ја дочекаа Новата година со голем број на музичари, помеѓу кои Ани Малинкова, Елвис Зенкоски, Јасмин Хусоски, Дарко Стојаноски, Дамјан Стојаноски, Сузана Спасовска, Rozafa Etemi & Black Jack, Љубојна, Фолтин, Addicted Band, Phoenix Band и Future Band.
Градоначалникот порача дека настанот поминал во одлична организација, и се заблагодари на сите кои биле вклучени во програмата, како и на граѓаните кои дошле заеднички да прослават.
Деск

