Каналите на MTV престануваат со емитување на ист начин како што почнаа – со песната “Video Killed the Radio Star” од The Buggles. Ирска и Велика Британија беа првите што се збогуваа со музичките канали на MTV.
MTV одлучи да ја заврши својата ера како музичка телевизиска мрежа на токму ист начин на кој започна.
24-часовниот музички канал, кој стана глобален феномен во осумдесеттите, ги емитуваше своите последни часови програма. Велика Британија и Ирска беа првите што се збогуваа со MTV Music, MTV 80s, MTV 90s, Club MTV и MTV Live. Според Би-би-си, затворањето ќе ги погоди и Франција, Германија, Австрија, Полска, Унгарија, Австралија и Бразил.
MTV првпат започна со емитување во Соединетите Американски Држави во август 1981 година, додека во Обединетото Кралство и Ирска каналот започна со емитување во август 1987 година. Почетокот беше најавен со видеа од најголемите ѕвезди на тоа време: Принс, Витни Хјустон и Џорџ Мајкл.
Во 2025 година, магазинот “People” разговараше со поранешната водителка на MTV и телевизиска личност Дејзи Фуентес, која се осврна на промените низ кои помина MTV.
“Мислев дека, иако е малку тажно, всушност е тажно веќе некое време. “МТВ го имаше своето време и историја што никогаш нема да се повтори. Време е за промена.” Што се однесува до иднината, таа продолжува: “Љубопитна сум да ја видам нејзината еволуција. Може да биде одлично. Мислам дека промената е добра. Мислам дека е време. Секогаш ќе биде дел од нашето младост”, рече Фуентес.
Деск
НА ИСТ НАЧИН КАКО ШТО ПОЧНА, ЗАВРШИ ЕРАТА НА MTV: СЕКОГАШ ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД НАШАТА МЛАДОСТ!
2 Mins Read
Previous ArticleОТВОРЕН Е КОНКУРСОТ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД КУЛТУРАТА

