Во Кавадарци денес беа поделени над 4.500 порции посен оброк, во склоп на настанот Бадников ручек. Заедничкиот ручек на плоштад во градот се одржува неколку години наназад и за истиот има голем интерес од граѓаните. Ручекот е наменет за сите граѓани, а не само за ранливите категории, со цел заеднички да се одбележи празникот.
-И оваа година, во духот на традицијата и хуманоста, го одбележавме Бадник со заеднички ручек за нашите сограѓани на кои им значи подадена рака, топол оброк и искрена насмевка.
Поделени се над 4.500 порции посен оброк, приготвени со љубов и посветеност од вештите раце на нашите мајстори во кујната.
Затоа што вистинската магија на божиќните празници е во споделувањето, солидарноста и заедничките моменти, порача градоначалникот Митко Јанчев.
В.К.

