Сопругот на филмската икона Брижит Бардо, Бернар д’Ормал, откри дека актерката се борела со рак пред нејзината смрт на 28 декември. Бардо, која почина на 91-годишна возраст, имала две операции и страдала од силни болки во грбот, пренесува “Пипл”.
Бардо почина мирно во својот дом, Ла Мадраг, во Сен-Тропе, а нејзиниот сопруг, со кого беше во брак од 1992 година, за францускиот магазин “Пари Мач” ги раскажа деталите за нејзините последни моменти пред погребот, кој се одржува денес, 7 јануари.
“Никогаш не ја напуштив. Бдеев над неа, со поддршка од медицинските сестри кои дискретно доаѓаа секој ден”, изјави д’Ормал.
“Утрото, кога ѝ го послужив појадокот што го сакаше. Како дете, таа ја имаше и својата попладневна ужина: чај со млеко и кроасан”, се присети тој.
Тој, исто така, го опиша утрото на нејзината смрт:
“Бев полузаспан покрај неа. Седнав кога ја слушнав како го изговори “Пиупиу”, тоа мало прекарче што го користевме еден за друг во тајност, и потоа сè беше готово”.
“Мир и спокојство го обвиваа нејзиното лице. И повторно стана неверојатно убава, токму како во младоста. Не би поверувале дека имаше 91 година”, додаде тој.
За Бардо денес се одржа приватна церемонија во католичката црква Нотр-Дам-де-л’Асомпсион во Сен-Тропе и, по службата, беше погребана на гробиштата со поглед на Средоземното Море во најстрога тајност.
Туристичкиот информативен центар на Сен-Тропе, исто така, ѝ оддаде почит на актерката, наведувајќи дека таа “засекогаш ќе биде поврзувана со Сен-Тропе, чија најгламурозна амбасадорка беше” и дека жителите на Тропе ѝ се благодарни што ја прошири славата на градот низ целиот свет.
Б.Н.
БЕВ ПОЛУЗАСПАН КОГА ЈА СЛУШНАВ КАКО ГО ИЗГОВОРИ МОЈОТ ПРЕКАР, И СЕ БЕШЕ ГОТОВО: СОПРУГОТ НА БАРДО РАСКАЖА ЗА НЕЈЗИНИТЕ ПОСЛЕДНИ МОМЕНТИ
2 Mins Read
Previous ArticleТАКСИСТ ОГРАБИЛ ПАТНИК!
Next Article ИСЧЕЗНА ЖЕНА ОД ГОСТИВАР

