Министерството за внатрешни работи на официјалната страница за исчезнати лица објави фотографија и лични податоци за 55-годишна жена од Гостивар, по која се трага.
Станува збор за Фетаи Анумша, со адреса на живеење во Гостивар, но детали околу тоа кога и под кои околности исчезнала, не се соопштени.
На страницата за исчезнати лица се објавени фотографии и податоци за десетици граѓани по кои се трага. Некои исчезнале пред неколку месеци, а пак на некои не им се знае судбината со години.
Помеѓу нив има и деца, а најмладо лице по кое се трага е Фејзула Елиф од Скопје, која исчезна во 2016 година, на едногодишна возраст.
Деск

