Јавното претпријатие Комуналец од Неготино е подготвено за снегот. Како што известуваат од таму, годинава биле опремени со уште два ножа како приклучни машини за тракторите за туркање на снег, а опремени биле и со доволни количини на сол и ризла.
-Иако кај нас сеуште го нема, околу нас, на север и северозапад од нас снегот заврна и како и секогаш прави проблеми. Ние во Комуналец се подготвуваме и спремни сме доколку се јави потреба да се справиме со овој зимски предизвик.
Сега сме уште поподготвени од минатата година. Покрај веќе постојните машини и алати за зимски интервенции, сега сме обезбедени со уште два ножа како приклучни машини за тракторите за туркање на снегот.
Покрај постојните, кои се монтираат на камионите како и багерот кој може да се користи за таа намена вклучително и приклучните машини за расфрлање на сол и ризла мислиме дека сме спремни да одговориме на предизвиците и да ги решиме сите евентуални проблеми во зимски услови, соопштија од претпријатието.
Деск
УШТЕ ПОСПРЕМНИ СМЕ ОД ЛАНИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО СНЕГОТ, ВЕЛАТ ОД НЕГОТИНСКИ КОМУНАЛЕЦ
1 Min Read

