Жена на возраст од 75 години, која денес беше прегазена во Капиштец, на улицата ,,Народен фронт”, почина во Ургентниот центар, потврдија од полицијата.
Вознемирувачки фотографии од местото каде жената била прегазена, а потоа возачот побегнал, се објавија на социјалните мрежи денес. Крв на асфалтот и скршен ретровизор сведочеа за трагедијата. По возачот се трагало.
Само пред неколку дена, граѓани кои живеат во Капиштец, конкретно на улицата ,,Народен фронт” во близина на трговскиот центар Беверли Хилс, на социјалните мрежи реагираа поради пребрзо возење, апелирајќи камерите на Безбеден град што е можно побргу за започнат со ефективна работа, бидејќи секое преминување преку улица го гледаат како ризично.
-Се вози пребргу, а недостигаат и пешаки премини, како и легнати полицајци! Се случува да чекаме подолго време додека да преминеме преку улица, не се дава предност на пешаци, а возилата, буквално летаат, иако се работи за локација преполна со станбени згради и со раздвиженост на деца и возрасни, реагираат во повеќе наврати жители на ,,Народен фронт”.
В.К.
Фото: Социјални мрежи
ПОЧИНА ЖЕНАТА КОЈА БЕШЕ ПРЕГАЗЕНА НА ,,НАРОДЕН ФРОНТ”: САМО ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА ЖИТЕЛИТЕ АЛАРМИРАА ДЕКА ТАМУ ПРЕБРГУ СЕ ВОЗИ
1 Min Read

