Вчерашниот концерт на Аца Лукас во локалот Плажа во Луковац, Босна, бил прекинат, а гостите биле евакуирани, објави Аваз.ба.
Како што пренесува босанскиот медиум, евакуацијата се случила поради дојава за поставена бомба.
-Дојавата била примена во 21.10 часот, по што полициските службеници излегле на терен и ги превзеле сите пропишани мерки.
Во акцијата бил вклучен и специјален тим, а по деталниот преглед било утврдено дека станува збор за лажна дојава и не постои опасност за сигурноста на граѓаните.
Поради дојавата концертот на Лукас беше прекинат, но по завршувањето на проверките, програмата продолжи, а гостите се вратија во објектот, објави босанскиот медиум.
Деск

