Велешкиот плоштад Којник го доби својот нов лик, соопшти градоначалникот Марко Колев.
Како што посочува, граѓаните добиле ново катче за релаксација, а набргу ќе се уредувала и улицата околу плоштадот.
-Завршија градежните активности за реконструкција на плоштадот во едно од најстарите велешки маала кој секојдневно е збиралиште на којничани. Со ова жителите од овој дел од градот, но и сите велешани добија уште едно катче за одмор и релаксација.
Во наредниот период ќе се изврши прередување на бехатон плочките на улицата околу плоштадот, а веднаш потоа ќе започне и целосната реконструкција на улицата “Васил Ѓоргов”. Продолжуваме посветено, поубав Велес е реалност, истакна Колев.
Деск

