Фотографот и продуцент Кристијан Љушев (28) од Охрид, го изгуби животот денес, објавија охридските медиуми. Според првичните информации, тој загинал при пад од петти кат од лифт во изградба.
Негови пријатели и соработници со емотивни зборови му го кажуваат последното збогум на социјалните мрежи, спомнувајќи го како вљубеник во фотоапаратот и во својата професија.
Инаку, Љушев беше дел од Шпанец Продукција, и соработуваше со познати имиња од естрадата, а работеше и на низа документарни проекти.
Деск

