Започнаа големите зимски попусти во соседна Грција, каде по доста поволни цени може да се купи гардероба, обувки и разни модни додатоци. Традиционалните зимски распродажби траат до 27-ми февруари, а пак летните започнуваат на 13-ти јули.
Намаленијата секоја сезона привлекуваат голем број купувачи и туристи. Попустите во продавниците низ целата земја достигнуваат и до 50 отсто, а во некои случаи и повеќе, особено за облека, обувки и зимска опрема.
Трговците очекуваат зголемена посетеност во наредните недели, додека граѓаните ја користат можноста за поволен шопинг пред крајот на сезоната.
В.К.

