Скандал се случил синоќа на плоштадот во Чачак, каде познатата фолк пејачка Ана Бекута настапуваше по повод Стара Нова година.
Како што објавија српските медиуми, публиката револтирана поради висината на нејзиниот хонорар, започнала да мава кон неа со снежни топки, како и да свири со вувузели и свирчиња.
Наводно, хонорарот кој и бил исплатен на пејачката изнесувал 40.000 евра, сума за која граѓаните реагирале дека е нереално висока.
Видео снимки од немилиот настан денес се објавуваат на социјалните мрежи.
Бекута, разочарана од однесувањето на публиката, во неколку наврати им вели на присутните да се засрамат, а прашува и каде е полицијата да интервенира.
На крај, влегла во комбе и од таму продолжила да пее.
Деск
СКАНДАЛ НА НАСТАПОТ НА АНА БЕКУТА ПОРАДИ ХОНОРАР ОД 40.000 ЕВРА: ПУБЛИКАТА ЈА БРКАШЕ ОД СЦЕНАТА!
1 Min Read

