По околу три часа заврши лидерската средба која денес се одржа во Клубот на пратеници, и на која присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, лидерот на Вреди Билал Касами, како и лидерите на опозиционите ДУИ и Левица, Али Ахмети и Димитар Апасиев.
Како што истакна Мицкоски по средбата, присутните се договориле дека треба да се укине техничката влада, а тоа ќе се случело по следните парламентарни избори.
Се разговарало и за Законот за прекршоци, за да започне со работа системот Безбеден град. Сите присутни рекле дека ќе го поддржат законот, со цел системот да започне да функционира од први февруари.
На средбата единствено не присуствуваше лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Деск

