Бебе на возраст од два месеца починало синоќа во кавадаречката болница, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
Како што известуваат од таму, вчера во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на возраст од два месеци.
-Според пријавеното, бебето било хоспитализирано на 12.01.2026, но и покрај пружената медицинска помош и направена реанимација починало.
Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото е дадено на обдукција, истакнаа од полицијата.
Деск

