Доенче на возраст од два месеца вчера починало во кавадаречката болница, информираше Секторот за внатрешни работи Велес, од каде соопштија дека телото било дадено на обдукција, со цел утврдување на причините за смртта.
Од Општа болница Кавадарци изразија сочувство до родителите, а директорката д-р Гордана Ѓорчева Камчева во писмено обраќање ја информираше јавноста за немилиот настан.
Имено, доенчето било примено на Одделот за педијатрија поради обилно повраќање по хранење, на 12-ти јануари, и во деновите додека било на одделот имало уредни периметри, уредни лабораториски анализи и не повраќало.
-На 14.01.2026 година, по итен повик од мајката поради тоа што бебето престанало да дише, веднаш бил повикан дежурен педијатар, а во истиот момент и анестезиолог. Започната е реанимација со соодветна терапија која траела околу 35 минути, но за жал без успех.
По констатирањето на смртта, согласно законските процедури, известени се надлежните служби – Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство.
Земени се изјави од родителите и од дежурниот медицински персонал, по што телото на доенчето е предадено на обдукција, со цел утврдување на точната причина за смртта, соопшуваат од болницата.
Деск
БЕБЕТО КОЕ ПОЧИНА ВО КАВАДАРЦИ, БИЛО ПРИМЕНО ВО БОЛНИЦА ПОРАДИ ОБИЛНО ПОВРАЌАЊЕ
1 Min Read

