Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, присуствуваше на отворањето на меѓународниот саем „Зелена недела“ во Берлин.
Како што информира, остварил средби со колеги од регионот, а се разговарало за унапредување на соработката во земјделството.
-Во Берлин свечено беше отворен меѓународниот саем „Зелена недела“, кој оваа година одбележува 100 години од своето постоење, посветен на унапредување на земјоделството, прехранбената индустрија и руралниот развој.
На покана на министерот за земјоделство на Сојузна Република Германија, Алојз Рајнер, присуствував и на свечениот прием организиран по повод отворањето на саемот и 100 годишнината.
Во рамки на приемот се оствари и работна средба со државниот секретар на Министерство за земјоделство на Сојузна Република Германија, Мартина Енглхардт Копф и колегите од регионот, на која се разменија мислења, ставови и погледи за унапредување на соработката во областа на земјоделството, истакна Трипуновски.
Деск
ТРИПУНОСКИ НА САЕМ ВО БЕРЛИН: РАЗМЕНИВМЕ МИСЛЕЊА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО!
1 Min Read

