Тереза Кесовија (87), една од најценетите и најдолговечни хрватски пејачки, најави проштална турнеја со која планира последен пат да ѝ се поклони на публиката што ја следеше во текот на целата нејзина богата кариера.
Водена од желбата достоинствено да се прости од своите слушатели, Тереза планира настапи во Љубљана, Загреб и Дубровник.
Како што откри, би запеала во Цанкарјевиот дом во Љубљана, Концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб и Театарот „Марин Држиќ“ во Дубровник.
Здравствените проблеми не ја гаснат емоцијата Иако годините и здравствените проблеми сѐ повеќе ѝ ги отежнуваат настапите, пејачката истакнува дека нејзиниот глас сè уште е силен. По операциите на коленото и проблемите со ’рбетот, настапите за неа претставуваат физички напор, но емоцијата и поврзаноста со публиката остануваат посилни од сè.
„Одамна сум во пензија и не е лесно, но гласот сè уште ме служи. Морам да внимавам и понекогаш да седнам, но за публиката најважно е да ме слушне, а јас тоа сè уште можам“, изјави Тереза Кесовија за „Дубровачки дневник“, додавајќи дека токму пеењето е она што ѝ доаѓа најлесно.
Публиката со нетрпение ги очекува овие концерти, свесна дека секоја отпеана песна ќе биде повеќе од музика – ќе биде емотивен проштален поздрав исполнет со благодарност, спомени и безвременската убавина што Тереза Кесовија со децении ја носи на сцената.
Деск
Previous ArticleДОБИЛ ПОРАКА ЗА ДОСТАВА НА ПАКЕТ, ПА ОСТАНАЛ БЕЗ 1.500 ЕВРА!

