Во фокусот нa 18-тата Берлинска конференција на министрите за земјоделство се одржливото управување и изнаоѓање на соодветни решенија за користење на водите, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој присуствува на конференцијата во Германија.
-Водата е клучен ресурс за земјоделството, а климатските промени сè повеќе влијаат врз водата, а со тоа и врз производството на храна.
Во таа насока се и политиките кои Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги спроведува: санација и одржување на системите за наводнување, поефикасно користење на водата и заштита на природните ресурси.
Со поддршка на ЕУ, преку ИПА III програмата, инвестираме во изградба на мали, еколошки системи за наводнување во Сопот и Новаци, вели министерот.
Додава дека покрај официјалниот состанок, се одржале и паралелни сесии на министрите за земјоделство и претставниците на меѓународните организации.
-Во рамки на посетата остварив повеќе средби со колегите министри, претставниците на Европската комисија и ФАО, со кои разговаравме за глобалните предизвици и разменивме искуства за справување со истите. Без вода нема храна, без храна нема иднина, истакна Трипуновски.
Деск
ТРИПУНОВСКИ: ИНВЕСТИРАМЕ ВО ИЗГРАДБА НА МАЛИ ЕКО СИСТЕМИ ЗА НАВОДНУВАЊЕ ВО СОПОТ И НОВАЦИ
1 Min Read
Previous ArticleТЕРЕЗА КЕСОВИЈА НАЈАВИ ПРОШТАЛНА ТУРНЕЈА

