На 6 јуни 2026 година, во Арена „Борис Трајковски“ – Скопје, ќе се одржи голем концерт на Јован Јованов и Елвир Мекиќ, заедно со специјални гости.
Публиката ќе има можност да ужива во најпознатите хитови, песни што обележаа едно време и создадоа незаборавни спомени, објавено е на страницата Mk tickets, каде веќе картите за настанот се пуштени во продажба.
Ова е концерт во арената, каде за првпат има и дрес код за публиката, односно препорачано е доколку посетителите се во можност, да бидат облечени во бело.
-Доколку можете ве покануваме да дојдете облечени во бело за подобро светлосно-визуелни ефекти и да бидете дел од оваа посебна вечер.
Концертот е замислен како еднократен музички настан, исполнет со емоции, носталгија и врвна продукција, наведено е во најавата на настанот.
Деск
ПУБЛИКАТА ДА СЕ ОБЛЕЧЕ ВО БЕЛО: ЈОВАН ЈОВАНОВ И ЕЛВИР МЕКИЌ СО ГОЛЕМ КОНЦЕРТ ВО АРЕНА БОРИС ТРАЈКОВСКИ
1 Min Read

