Џез музичарот Васил Хаџиманов, син на пејачот и композитор Зафир Хаџиманов и пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ (90), објави дека неговата мајка починала по тешко боледување.
-Утрово нѐ напушти мојата мајка Сенка Велетанлиќ, по тешка болест. Замина тивко, достоинствено, во сон, како дама, токму како што ѝ прилегаше. Те сакам мамо. Ти благодарам мамо, објави Васил.
Сенка и нејзината сестра Бисера своевремено беа едни од најпопуларните пејачки во поранешна Југославија. Со Зафир пак, го снимија евергринот ,,Љуби ме и главата горе,,.
За нивната љубовна приказна неретко се пишуваше. Во постари интервјуа Зафир раскажуваше дека поради разликата во годините, односно поради тоа што Сенка била десет години постара од него, неговото семејство се противело на нивната врска и сакале тој да се ожени со помлада девојка. Сепак, тој не се откажал од неа, а како круна на нивниот брак било раѓањето на синот Васил.
Инаку, Зафир кој по потекло е од Кавадарци, почина пред пет години, од компликации од Ковид.
Деск

