Валентино Гаравани, италијанскиот моден дизајнер и основач на славниот бренд Валентино, почина. Имаше 93 години.
Во објавата на социјалните мрежи од личниот Инстаграм на Валентино и од неговата фондација, објавена на 19 јануари, во описот се вели: “Нашиот основач, Валентино Гаравани, почина денес во неговата резиденција во Рим, опкружен со своите најблиски. Погребот ќе се одржи во петок, 23 јануари во базиликата Санта Марија дељи Анџели е дељи Мартири, на плоштадот Пијаца дела Република 8 во Рим, во 11 часот.”
Валентино беше омилен кај ѕвезди како Џенифер Анистон, Гвинет Палтроу, Никол Кидман и Ен Хатавеј.
Роден како Валентино Клементе Лудовико Гарави на 11 мај 1932 година во Вогера, Италија, Валентино студирал мода на École des Beaux-Arts и на Chambre Syndicale de la Couture Parisienne во Париз пред да стане приправник кај Жак Фа и Баленсијага.
Потоа работеше за Jean Dessès и Guy Laroche пред да се врати во Италија и да отвори модна куќа во Рим. Во 1960 година, тој го запозна Giancarlo Giammetti, кој стана негов долгогодишен деловен партнер; тие исто така беа во романтична врска 12 години.
Валентино, познат по своите препознатливи црвени фустани, го започна растот како дизајнер откако Џеки Кенеди купи и носеше шест негови креации во годината по атентатот на нејзиниот сопруг Џон Ф. Кенеди. Таа, исто така, носеше фустан од Валентино за својата венчавка со Аристотел Онасис.

“Знам што сакаат жените”, рече Валентино во документарниот филм од 2008 година “Валентино: Последниот император” за тајната на неговиот успех како барано модно име. “Тие сакаат да бидат убави.”
Еден од неговите најзначајни моменти во поп-културата беше појавувањето во филмот “Ѓаволот носи Прада” од 2006 година, каде што се појавува како самиот себе. Тој беше и тема на документарниот филм од 2008 година, кој беше снимен во последните две години од неговата кариера.
Б.Н.

