СДСМ се разбуди. А кога СДСМ е буден, тираните не спијат мирно, кажа денес претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во неговото обраќање на почетокот од 31. Конгрес што денеска се одржува во Скопје.
Пред присутните, тој истакна дека за да го победат злото надвор, мора да бидат силни внатре.
-Вратите на СДСМ се отворени за секој чесен човек. Но, нема место за тројански коњи, за оние што седат на две столици и работат за власта. Или сме заедно во оваа битка, или не сме ништо.
Нема седење дома. Одиме на терен, во секој град и секое село. Не да молиме за гласови, туку да ја разбудиме Македонија. Да им ја кажеме вистината на луѓето. Да им кажеме дека не се сами, порача Филипче.
Се осврна и на актуелните случувања, дека се вршел грабеж од епски размери, дека имало тендери за блиски луѓе и ограбување на европски фондови, а кажа и дека се подготвувале опасни сценарија – Македонија да стане тампон зона за мигранти од Западна Европа, само за кредити и политички поени.
Деск

