Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен конкурс за избор на институција за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет за 2026 година.
Во пријавата за учество, институциите – подносители на пријавите, треба да наведат и цена по која ќе ја извршат услугата која е предмет на јавниот конкурс.
Наведено е и дека пресметката на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет за 2026 година, со доставување на утврдена цена треба да се изврши најдоцна до 15-ти јули 2026 година.
Максималниот предвиден износ за извршување на услугата е 120.000 денари.
В.К.
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО БАРА ИНСТИТУЦИЈА КОЈА ЌЕ ГИ ПРЕСМЕТА ТРОШОЦИТЕ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА КИЛОГРАМ ГРОЗЈЕ
1 Min Read

