Превозниците од Македонија заедно со своите колеги од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина веќе втор ден го блокираат товарниот сообраќај на граничните премини кон Шенген-зоната.
Причината за блокадите е незадоволството на транспортните превозници од воведувањето на системот за влез и за излез од Европската Унија, според кој превозниците со камиони од земјите од Западен Балкан ќе се регистрираат како туристи и ќе можат да останат во земјите од ЕУ најмногу до 90 дена во период од 180 дена.
-Ние не сме туристи, туку професионалци. Не сме ниту криминалци, за да бидеме депортирани. Мора да се изнајде поволно решение за да продолжи непречено да функционира меѓународниот превоз, велат камионџиите.
Според најавите, блокадите ќе траат седум дена.
Портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламерт, се следела ситуацијата и биле свесни дека возачи на камиони, но и уметници и спортисти имале потреба да останат во Шенген-зоната повеќе од 90 дена во рок од 180 дена.
Истакна дека биле посветени на прашањето.
Деск

