Македонски државјанин кој бил меѓународно баран за три убиства е уапсен во Тирана.
-Станува збор за Бесим Шерифи (52), жител на Копаница, Сарај, Северна Македонија, кој подолг период се криел во албанската престолнина, користејќи фалсификувани лични документи на име на државјанин од Косово – соопшти албанската полиција.
За случајот кој во 2007 година ја потресе јавноста, казна доживотен затвор добија таткото на Бесим, Митат, неговиот брат Сабри, а другиот брат, Фатмир, доби казна затвор од десет години, за убиство на четири лица од семејството Јашари.
Трагичниот настан за кој беа осудени членовите на семејството Шерифи се случи на 5 октомври 2007 година.
Приказната започнала кога девојка од семејството Јусуфи заминала како бегалка во семејството Шерифи. Нетрпеливоста меѓу двете семејства кулминирала со престрелка кај селските гробишта кога двајца од браќата Шерифи го пресретнале и го убиле Зија Јусуфи(32).
Во нападот на домот на семејство Јашари се приклучиле и таткото Митат и уште еден од неговите синови, при што биле убиени уште тројца.
По Шерифи била распишана меѓународна потерница од Интерпол Скопје, откако Судот во Скопје во 2007 година му изрекол мерка притвор за кривичното дело „Убиство“, кое според македонското кривично законодавство се казнува со доживотен затвор.
Интерпол Тирана, во соработка со Интерпол Скопјe, ќе ги продолжи процедурите за екстрадиција на Шерифи во РС Македонија, соопшти албанската полиција.
В.К.
УБИСТВАТА ЗА КОИ Е УАПСЕН ШЕРИФИ, ПО 19 ГОДИНИ БЕГСТВО, СЕ СЛУЧИЈА ПОРАДИ ЗАБРАНЕТА ЉУБОВ
2 Mins Read

