Ќе собереме 10.000 потписи со кои ќе станеме овластен предлагач и ќе бараме за 80 отсто да ви се намалат вашите плати. Доколку не ја зголемите минималната плата, доаѓаме по вашите плати, порача од денешниот протест Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија.
На протестот организиран од ССМ, излезе огромен број на народ и се бара зголемување на минималната плата на 600 евра и 100 евра зголемување на останатите плати.
Трендафилов најави продолжување и радикализација на синдикалните активности и истакна дека нема да дозволи никој да си игра со работничката пот од чии даноци зема плата.
Најави блокади и генерален штрајк.
Деск

