Доајенката на Македонскиот народен театар и пејачка Добрила Чабриќ наполнни 98 години. Енергичната уметница, која секогаш зрачи со позитивна енергија е највозрасната на Балканот која е се уште активна на сцената и често има гостувања во емисии, не само во земјава, туку и во регионот.
Веќе 46 години живее во Дојран, и неретко истакнува дека тамошната клима и влијае позитивно и од таму го црпи животниот елан.
За преселбата во Дојран, во постаро интервју раскажа дека случајно дошла, кога на пат за Грција отишла кај свои роднини во Гевгелија. Тие се подготвувале да заминат во Дојран, и таа тргнала со нив.
-Застанав и ја погледнав онаа планина Беласица, езерото, воздухот… Па јас целиот свет го поминав, ваков воздух никаде не најдов. Ја прашав роднината дали има плац за мене, а таа ми вели дека има зад нејзиниот. Веќе утредента веднаш тоа го средив и во општина во 1970 година јас го купив овој плац.

Сите мислеа дека јас тоа ќе го продадам, но кога направив куќа јас ја земав мојата мајка и свекрва, и тука останавме.
Еве, тие заминаа, јас го продолжувам животот понатаму. И мислам дека така, уште малку подолго да живеам, раскажа таа во постаро интервју.
Куќата ја изградила во 1980 година, и од тогаш Дојран станал нејзин дом.
Деск

