Сојузот на синдикати во Собранието поднесе иницијатива за измени на Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица, соопшти претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.
Со самото тоа, било побарано од пратениците сами да поднесат законски измени, а доколку тие не го направат тоа, тогаш, според регулативата, од ССМ ќе собереле 10.000 потписи од работниците и ќе добијат право сами да поднесат измени на Законот.
Како што истакнуваат од Сојузот на синдикати, кога веќе пратениците не го гласаат Законот за раст на минималната плата, тогаш да се солидаризираат со работниците и да си ги намалат своите плати за 78 проценти, онолку колку што ги зголемија во април 2023 година.
– Сојузот на синдикати на Македонија, врз основа на член 71 од Уставот и правото кое ни е дадено, денеска достави иницијатива за измени и дополнувања на Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката. Иницијатива е да се измени членот 11 од истиот закон и место како досега, основица за пресметка на плата на функционерите да биде просечната плата, да биде минималната плата.
Дополнително бараме коефициентот на сложеност за утврдување на надоместокот на плата и на платите утврдени со овој закон, да се намали за 40 проценти, или тоа е вкупно 80 проценти намалување на платите на функционерите, затоа што тие безобразно не ги зголемуваат платите на работниците и ја чуваат иницијативата на ССМ во фиока, па минималната плата денеска ни е најниска не само во регионот, туку во Европа – изјавиТрендафилов.
Деск
Previous ArticleМАЖ И ЖЕНА ОД НЕГОТИНО ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА

