Пред две недели успешно била извршена транспалнтацијата на црн дроб на младиот Вилислав, а донор била неговата сопруга Бојана, соопштија од платформата Павел Андреев, преку која се организираат донаторски акции за помош на лица Бугарија, но и во земјава, најчесто за собирање на помош за лекување.
-Приказната на Вилислав обедини илјадници луѓе околу каузата за живот. Млад сопруг и татко, тој се соочи со тешка дијагноза – холелитијаза, која доведе до брзо прогресивна црнодробна слабост, а единствената шанса за спас беше итна трансплантација на црн дроб во странство.
Во најтешкиот момент покрај него застана неговото семејство – сопругата Бојана, која стана донор, како и илјадници добри луѓе кои подадоа рака и поверуваа во неговото спасување, соопштија од платформата.
Додаваат дека преку PavelAndreev.ORG, над 1 878 донатори се обединиле и собрале повеќе од 61 867 евра.
-Денес можеме да ја споделиме најважната и долгоочекувана добра вест – на 20.01 трансплантацијата помина успешно. Операцијата веќе е зад нив, а и Вили и Бојана се чувствуваат добро.
Семејството на Вилислав и целиот тим на PavelAndreev.ORG изразуваат искрена благодарност до сите кои помогнаа ова чудо да се случи и му дадоа шанса на едно семејство да продолжи напред заедно, истакнаа од платформата.
Деск
БОЈАНА МУ ГО СПАСИЛА ЖИВОТОТ НА СОПРУГОТ: СТАНАЛА ДОНОР, И ТРАНСПЛАНТАЦИЈАТА НА ЦРН ДРОБ ПОМИНАЛА УСПЕШНО
1 Min Read

