Рафет и Феид Мемишовски, Ромите кои пред камери кажуваа смртни закани пред неколку дена, заработиле кривични пријави за загрозување на сигурноста. Станува збор за лицата кои беа дел од протестот на кој бараа да не им се одземаат возилата, иако немаат возачки дозволи.
Синоќа, истите лица пред камерата на Рома Прес поединечно се извинија.
Првиот од нив, Рафет, кажа дека бил изнервиран, и повеќе немало да се заканува, а вториот кој јавно се извини, Феид, кажа дека згрешил што се однесувал ,,безобразно” и исто така се извини на цела власт.
Протестите од пред три дена се одвиваа во Кочани, на патот Битола – Ресен, Штип и во Прилеп, а вчера пак Роми излегоа на протест и во Велес. Побараа државата да им го субвенционира полагањето на возачки испит.
Деск
РОМИТЕ КОИ СЕ ЗАКАНУВАА ПРЕД КАМЕРИ ДОБИЈА КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ, ПА СЕ ИЗВИНИЈА ПРЕД КАМЕРИ
1 Min Read

