Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство на марихуана (Cannabis sativa) за наводни медицински цели.
Демократски сојуз силно ја поддржува акцијата на МВР за заплена на канабисот и инсистира да постапува неселективно и јавно да бидат објавени сопствениците (формални и неформални) на фирмите кои произведуваат канабис, кој и кога ги издал лиценците за производство на канабис итн.
-Досега, од 2017 година надлежното Министерство за здравство, во соработка со други институции (Мин.за земјоделство, Меѓуресорската комисија и други) издало 61 лиценца на фирми кои можеле да произведуваат марихуана за медицински цели.
Повеќе од јасно е дека контролата затаила поради што се случија фингирани кражби, пресметки помеѓу нарко-мафијата, заплени на канабис од полицијата итн., но криминалниот бизнис продолжи, бидејќи нарко-мафијата во која беа вклучени и носители на највисоки државни функции од претходната власт се стекнаа со огромна финансиска моќ и политичко влијани, истакнаа од ДС.
Во меѓувреме, јавноста чека официјален извештај од институциите за случајот и за точната количина на запленет канабис, за која се претпоставува дека е најголемата заплена која се случила на Балканот.
Деск
ИТНО ДА СЕ ЗАБРАНИ ПРОИЗВОДСТВО НА МАРИХУАНА ЗА НАВОДНИ МЕДИЦИНСКИ ЦЕЛИ, ПОБАРА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ
1 Min Read

