Денес се навршуваат 18 години од свирепото убиство на средношколецот Денис Мрњавац (16), кој беше убиен во преполн трамвај во Сараево.
Убиството го извршија Нермин Сикириќ (17), Адемир Леловиќ (18) и Берин Талиќ (19). Сикириќ и Леловиќ беа осудени на по 15 години затвор, а Талиќ на 10 години, за помагање во убиство.
Во спомен на Денис, шести февруари во Сараево е прогласен за Ден на борба против врсничко насилство, а Денис стана синоним на борбата против насилство над недолжни деца.
Неговата мајка Ана денес положи цвеќе пред неговата фотографија која е поставена на трамвајската постојка до Американската амбасада во Сараево.
За тамошните медиуми, таа кажа дека болката не поминува, туку со тек на време станува посилна.
-За жал, гледаме дека не се случуваат промени. Трагедиите и понатаму се случуваат, бидејќи никој ништо посебно не направи. Друштвото и власта требаше да дејствуваат превентивно, а потоа и репресивно на оние кои делуваат деструктивно помеѓу децата во друштвото.
Сето тоа е жално, истакна мајката на Денис.
Деск
САРАЕВО СЕ СЕЌАВА НА ДЕНИС, КОЈ БЕШЕ УБИЕН ВО ТРАМВАЈ: ПО 18 ГОДИНИ, БОЛКАТА САМО СТАНУВА ПОСИЛНА, ВЕЛИ НЕГОВАТА МАЈКА
1 Min Read

