Нил Јанг и неговиот најнов придружен бенд, Chrome Hearts, требаше да ја започнат европската турнеја Love Earth на 19 јуни во Манчестер. Елвис Костело и The Imposters беа најавени како предгрупа за првите девет концерти.
“Одлучив да направам пауза и овојпат нема да одржам турнеја низ Европа”, објасни Јанг на својата официјална веб-страница. “Благодарам на сите што купија билети. Жал ми е што ве разочарувам, но сега не е вистинското време. Сакам да свирам во живо и да бидам со вас и со Chrome Hearts. Со љубов, Нил — чувајте се.
Јанг и Chrome Hearts — клавијатуристот Спунер Олдхам, гитаристот Мајка Нелсон, басистот Кори Меккормик и тапанарот Ентони Логерфо — настапија заедно низ Европа и Северна Америка минатата година. Тие настапија заедно на фестивалот Фарм Ејд во септември, како и на настанот Харвест Мун: А Гедеринг во Калифорнија во октомври.
Овој состав исто така го придружуваше Јанг на неговиот најнов соло-албум од 2025 година, Talkin to the Trees.
Јанг е втората голема рок-ѕвезда што ги откажа плановите за турнеја во 2026 година во последните 24 часа, откако бендот Twisted Sister ја откажа својата планирана реунија по повод 50-годишнината поради здравствените проблеми на пејачот Ди Снајдер.
Б.Н.

