Легендата на македонската медицина, д-р Никола Стојановски денес наполни 103 години.
Роден во 1923 во Скачинци (Велешко), дипломирал на Медицинскиот факултет во Белград (1952), специјализирал педијатрија во Загреб (1958), а потоа целиот работен век го посветил на децата како педијатар и хематолог во велешката болница.
Веста ја објавија од ЈЗУ Специјализирана болница за
геријатриска и палијативна медицина
13 Ноември Скопје, со фотографии од прославата на роденденот на докторот.
– Бил и директор на болницата, секогаш со огромна посветеност – за него секое дете било исто важно, а неговото спокојство и љубов кон пациентите се паметат и денес.
Човек што ја градел здравствената историја на нашата земја, од НОБ до независна Македонија.Честитки од срце, Дедо Никола, порачаа од болницата.
Деск
Д-Р НИКОЛА СТОЈАНОВСКИ, ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ГРАДЕШЕ ЗДРАВСТВЕНАТА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА, НАПОЛНИ 103 ГОДИНИ
1 Min Read

