Вчера во ОВР Неготино е пријавено дека околу 09:35 часот, на регионалниот пат Кавадарци-Неготино, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пежо“ со неготински регистарски ознаки, управувано од З.А.(56) од село Криволак, неготинско и патничко возило „сеат“ со неготински регистарски ознаки, управувано од П.И.(53) од Неготино.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.А., а со телесни повреди се здобил П.И., констатирани од лекар во Итна медицинска помош Неготино.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
Деск

