По средбата со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата, премиерот Христијан Мицкоски вели дека е постигнат договор и околу 11.000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40% до 2028 година.
-Ние сме подготвени како Влада да седнеме и во овој период до 2028 година, очекувам тоа да биде во пократок период заедно со двата репрезентативни синдикати во случајов ССМ и КСС да седнеме и да испреговараме еден нов Општ колективен договор којшто ќе биде единствена алатка врз основа на која ќе бидат исплаќани платите, од друга страна ќе биде алатка којашто ќе ја имаат и работниците.
Нека е со среќа и очекувам уште многу вакви успешни моменти понатаму, а им благодарам на двајцата претседатели, на гранковите синдикати и на УПОЗ и на САДУ што после долго време во еден конструктивен разговор изминатава недела успеавме да дојдеме до заедничко решение, кажа Мицкоски.
Деск

